Мозаик Сложувалки icon

Мозаик Сложувалки

Playmoood Kids
Free
1,000+ downloads

About Мозаик Сложувалки

Мобилната апликацијата Мозаик сложувалки е едукативна и забавна игра со која добивате бесплатни часови исполнети со забава за вашите деца. Оваа игра - танграм загатка е еден вид на помош за учење, бидејќи им помага на вашите малечки да развијат визуелна меморија, логика, концентрација, когнитивни и фини моторни вештини.Мозаик сложувалките исто така ќе им помогнат на вашите деца да ги научат формите, разновидноста на боите и нивно препознавање.

Апликацијата е сплет од танграми-загатки кои служат за формирање на мозаик објекти-танграми со неколку теми наменети за најмалите: птици, домашни, водени и диви животни, овошје и зеленчук, делови од природа, возила,сообраќајни знаци,геометриски форми,музички форми и инструменти, делови од мебел за куќа, бебешки и детски играчки, шминки и шноли за девојчињата и слатки и вкусни задоволства за јадење.

Играта има мелодична музика и започнува со изговор на објектот-танграм кој треба да се состави на македонски јазик, потоа се појавува сликата со празни полиња кои треба да се пополнат со содветните бои и форми и која ќе се заврши кога откако ќе се состави објектот-танграмот ќе се појави сонце и неколку иконки со шарени балони кои детето ќе треба да ги пукне.Потоа во позадина се појавуваат весели гласови на дечиња дека детето успешно ја составило сликата-танграмот.Со завршување на играта се појавува целата слика на објектот-танграм со изговор на зборот на македонски.

Како да играат децата:

Оваа игра има 85 табли со нацртани предмети, а не само апстрактен дизајн. Дизајнот е направен од комбинација од 9 парчиња со 12 различни бои. Целта е да го поставите парчето со вистинска боја и форма на вистинската позиција на решетката - изберете ја бојата, потоа изберете го вистинското парче и потоа допрете ја решетката каде што сакате да ја поставите. Играта нуди помош за погрешно поставените елементи кои трепкаат и така можете да ја изберете бришачот и да ги избришете - ова исто така ја покажува вистинската боја и форма на парчињата на решетката како граница и така полесно е да знаете што да ставите каде.

Карактеристики:
• Едноставна и интуитивна позадина што е пријателска за децата;
• Лесна игра на допир и место за игра во мрежната платформа (14x12);
• 85 привлечни загатки за момчиња и девојчиња - запознавање со основните имиња на предметите;
• различни нивоа на сложеност кои зависат од бројот на парчиња, форми и разновидност на бојата.
• 3 форми, 9 различни парчиња, 12 различни бои.
• дава опција за помош - им помага на почетниците или помалите дечиња да играат без стрес - им покажува на кои парчиња се поставени погрешно.
• покажува погрешни известувања за погрешно поставување загатки со трепкање на бојата.

Апликацијата е наменета за дечињата од предучилишна возраст и помали деца, иако дава и можност во составувањето на објектите-танграмите да се вклучат и родителите кои заедно со дечињата би им помогнале да ги состават објектите-танграмите, се со цел нивните најмили полесно да ги научат боите, геометриските форми и нивното препознавање.

Мозаик Сложувалки Screenshots